Национални работилници во Реус, Каталонија
- Dovilė Kaupaitytė
- Aug 1
- 1 min read
Во периодот од 12ти, 22ри и 26ти Мај, организацијата Талер Баикс Камп ги реализираше своите национални работилници за рачна изработка на освежувачи за воздух, сапуни и свеќи. Главната цел на овие активности беше да се поттикне активно стареење кај постарите лица и истовремено да се промовира социјалната интеракција.

На трите работилници вкупно учествуваа 44 возрасни лица. Со поддршка на стручни едукатори, учесниците изведуваа различни занаетчиски активности како: сечење парафин за изработка на свеќи, леење на течен сапун во калапи, украсување на рачно изработени освежувачи со сушено овошје, изработувајќи свои уметнички производи - свеќи, сапуни и освежители за воздух, кои потоа можеа да ги однесат дома.
Овие работилници им овозможија на учесниците да ја искажат својата креативност и да воспостават нови социјални врски во пријателска и едукативна средина. Активностите, покрај тоа, им дадоа практични алатки и идеи кои подоцна можат самостојно да ги применат дома, поттикнувајќи активен начин на живот.
Преку прашалник доставен кај учесниците и фасилитаторите, сите работилници добија исклучително позитивни оценки. Посебно беа истакнати посветеноста на едукаторите и пријателската атмосфера меѓу учесниците.
Искрена благодарност до целиот тим на Талер Баикс Камп и сите учесници кои ја овозможија оваа иницијатива. Посебно се заблагодаруваме на “Граѓанскиот центар Грегал" кој ги стави на располагање своите простории за одржување на работилницата за рачно изработени освежувачи на воздух.
Каталогот со активности може да го најдете [тука]:


.jpg)



Comments