.jpg)

РЕЗУЛТАТИ
За време на проектот создадовме
1
Компас како да ги вклучиме возрасните лица во креативни и едукативни претприемачки дејности
Компасот ќе има 2 главни секции: 1-вата со фокус на ангажирање на постарите луѓе во едукативни, уметнички и креативни активности за рециклирање и реупотреба, и 2-та – за основите на претприемничка иницијатива, специјално развиена за возрасни лица.
2
Меѓународна обука на за едукатори на возрасни лица
Постари лица и едукатори за возрасни од пет земји учествуваа на обуката во Реус, Шпанија. Тие учествуваа во презентациите на Компасот и креативните работилници, дадоа идеи за Каталогот и ја зацврстија меѓународната соработка. Обуката заврши со доделување на сертификати на сите учесници.
3
Каталог со креативни и занаетчиски активности за рециклирање и реупотреба наменети за возрасни лица
Каталогот ќе содржи 2 типа на комплети лесни за употреба:
1) за уметност и занает и
2) активности за рециклирање и реупотреба, кои возрасните и едукаторите на возрасни лица директно можат да ги применат во пракса.